Избраниците на Сергеј Андреев останаа без триумф и на четвртиот подготвителен натпревар во Австрија. Црвено-црните вчера само ремизираа (1:1) против Унгарскиот прволигаш Пушкаш-Академија. Иако имавме предност со голот на Блажевски од 64 минута, противникот успеа да израмни на десет минути пред крај, односно во 81 минута преку Ленше. Во првото полувреме се играше цврсто и борбено на двете страни, без некои посериозни прилики за постигнување на гол.
Најинтересните моменти се случуваа во вториот дел, кога и падна двата погодоци. Голамнот Павловиќ беше јунак во овој дел од натпреварот, кога успеа да одбрани неколку стопроцентни шанси на Унгарците за постигнување гол. Нашиот голман беше повеќе сконцентриран од противничките напаѓачи па не дозволи изненадување. Вардар освен погодокот и немаше некоја друга поголема шанса да ја затресе мрежата на Пушкаш Академија. Конечниот резултат беше 1:1, а нашиот шампион остана без триумф и на четвртиот пријатеслки натпревар, во рамките на подготовките кои се одвиваат во Австрија. Ова е вкупно втор нерешен дуел а имаме забележано и два порази. На овој дуел настапивме во следниов состав:
Гачевски (46’ Павловиќ), Д. Велковски (65’ Попов), Грнчаров, Мијушковиќ (84’ Брдаровски), Хамбарџумјан, Грозданоски (77’ Љамчевски), Николов, Глигоров (72’ Спировски), Фелипе (65’ Дашјан), Стојков (46’ Ивановски), Блажевски.
Последната, може и посериозна припрема пред натпреварот во рамките на ЛШ, ќе биде во четврток против силниот Динамо Загреб. После овој меч, Вардаровата експедиција се враќа во Скопје.