Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Раул Гонзалес: Противниците се силни и сезоната ќе биде долга и тешка.
Раул Гонзалес: Противниците се силни и сезоната ќе биде долга и тешка.

Раул Гонзалес: Противниците се силни и сезоната ќе биде долга и тешка.

Екипата на Рк Вардар ги доби противниците во групната фаза на Лигата на Шампионите. Од следната сезона ЕХФ реши да примени нов систем на натпреварување каде екипите се поделени според нивниот квалитет. Црвено-црните ќе се натпреваруваат во силната група “Б“ заедно со актуелниот европски првак-Барселона потоа Киелце, Рајн-Некар, Пик Сегед, Монпелје, Колдинг и екипата на Криштијанстад.

Едно е сигурно дека овој нов систем ќе донесе многу поквалитетни и силни мечеви во групната фаза, каде ќе имаат можност да уживаат љубителите на ракометот во земјата. Свое видување за групата има и тренерот Гонзалес кој во изјава за официјалниот сајт на клубот вели:

Не знам што коментирам затоа што ова ќе биде целосно ново натпреварување и сѐ ќе биде различно. Едно знам, противниците се силни и сезоната ќе биде долга и тешка. Не сакам да ги споредувам групите, бидејќи никој не знае во каква форма ќе бидат сите овие тимови во следната сезона. Сепак, она што е сигурно е дека нашите навивачи ќе уживаат заедно со нашиот тим, изјави Гонзалес.