Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Без класичен напаѓач тешко оди на подготовките…
Без класичен напаѓач тешко оди на подготовките…

Без класичен напаѓач тешко оди на подготовките…

И по четвртата пријателска средба одиграна вчера, Вардар не покажа некој нови позитивни страни во играта. По неуспехот и бледата игра против Терек Грозни и поразот од 1:0, по нерешениот резултат со Волфсбергер, по една лоша слика, и победата од 2:1 против второлигаш од Австрија, вчера вардарци одиграа бледо, без поголеми шанси, и новини во играта против тимот на Академија Пушкаш од Унгарија. Натпреварот заврши 1:1 голот за нас го постигна Дејан Блажевски.

Се чини дека на Фк Вардар му недостасува класичен шпиц играч, кој ќе биде задолжен за постигнување на голови оваа сезона. Не дека и средината функционира беспрекорно добро, но на овој тим подитно му треба играч кој ќе знае со еден потег да постигне гол. На неколку наврати Андреев тоа го потенцираше уште изминатата сезона, но сега за сега ситуацијата е иста околу таа болна точка во тимот.

Замислете Вардар не владее со тимови од рангот на Академија Пушкаш која заврши на 10-то место во унгарската лига оваа сезона… Се надеваме дека сликата, и играта околу овој тим на Вардар ќе се подобри од ден во ден, се до првиот натпревар во Никозија.
Време е Вардар да донесе играч кој ќе може со еден потег да го реши натпреварот.
Инаку останува уште еден меч тука во Австрија, в четврток против Динамо Загреб.