По Македонскиот стопер Коста Манев, нашиот тим официјално го претстави и вториот нов играч од Бразил. Се работи за напаѓачот Вилијан Лира кој потпиша договор со „црвено-црните“ на две години. Во новата сезона Лира ќе го носи дресот со број 7.
„Драго ми е што потпишав за Вардар, и со нетрпение чекам да заиграм во новиот клуб. Знам дека станува збор за најдобриот клуб во Македонија кој секогаш има високи амбиции и цели како на домашна, така и на меѓународна сцена. Се надевам дека со моите настапи и голови ќе придонесам Вардар да дојде до титулата, како и до успешни настапи во Европа. Исто така посакувам брзо да се наметнам кај стручниот штаб и очекувам добро да бидам прифатен од моите нови соиграчи“, изјави Вилијан Лира по потписот на договорот.
ВИЛИЈАН ЛИРА СОУЗА
Датум на раѓање: 09.12.1993
Место на раѓање: Алтамира, Бразил
Позиција: напаѓач
Кариера: Гремио Баруери (Бразил), Сампајо Кореиа (Бразил), Салгуеро (Бразил), Барито Путера (Индонезија), Сао Бернардо (Бразил).