Ецкоски Марјан од Охрид ќе биде главен судија на утрешниот натпревар од Купот во Тетово на кој се среќаваат домаќинот Шкендија и тимот на Вардар од Скопје.
Помошници на Ецкоски ќе му бидат Маркоски Слаѓан и Јанкуловски Зоран, додека пак четврти судија ќе биде Стојановски Марјан од Кичево.
Се надеваме на фер и коректно судење на оваа судиска тројка. Дуелот на овие два тима се игра утре со почеток од 13:30 часот. На првиот натпревар немаше победник, односно резултатот беше 2:2.