Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојкарите на Вардар очекувано ја совладаа Лирија со 3:0
Одбојкарите на Вардар очекувано ја совладаа Лирија со 3:0

Одбојкарите на Вардар очекувано ја совладаа Лирија со 3:0

Одбојкарите на Вардар очекувано ја совладаа Лирија со 3:0 (25:11, 25:17, 25:19) во последниот натпревар од воведното коло во нашата Прва машка лига. Фаворитот беше доминантен во сите сегменти на играта и во ниту еден момент не дозволи противникот да се закани посериозно.

Во дресот на Вардар со победа дебитираа репрезентативното трио Михаилов-Маџунков-Илиев, потоа големото засилување Јовица Симовски, како и Сун Ватанабе од Јапонија и еден одбојкар од Србија.

73257647_999274577081334_4862539785283043328_n

Мало потсетување, на ОК Вардар противник ќе му биде чешкиот клуб, Карловарско  во премиерата во европскиот Челинџ куп, кој стартува во периодот помеѓу 12 и 14 ноември.