Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Азер Омерагиќ:Со оглед на досегашните постигнати резултати имаме големи шанси за освојување на двојната круна на крајот од оваа сезона
Азер Омерагиќ:Со оглед на досегашните постигнати резултати имаме големи шанси за освојување на двојната круна на крајот од  оваа сезона

Азер Омерагиќ:Со оглед на досегашните постигнати резултати имаме големи шанси за освојување на двојната круна на крајот од оваа сезона

Вардар го доби дербито кај генерацијата родени “2002“ година, против екипата на Работнички, која ја совлада со резултат 2:1. Иако противникот прв го отвори резултатот и поеде со 0:1, до крајот на натпреварот, црвено-црните направија резултатски пресврт. Најпрво преку Азер Омерагиќ го израмнија резултатот на 1:1, кој беше актуелен на полувреме, за во вториот дел преку нововлезениот Кристијан Стојановски да постигнат гол и да направат резултатски пресврт од 2:1, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на ова дерби. За впечатоците од победата во дербито, можете да прочитате од изјавата на еден од стрелците на головите, се работи за Азер Омерагиќ.

-Натпреварот според мене помина во цврста игра во која што сите настојувавме да го дадеме својот максимум. Иако први примивме гол, тоа воопшто не влијаеше на нашата игра туку напротив изршивме поголем притисок, што набргу и резултираше со израмнување на резултатот. Во продолжетокот на натпреварот и двете екипи имавме шанси за погодоци, но сепак резултатот заврши 2:1 во наша корист.

Оваа генерација на ФК Вардар игра како препородена оваа сезона и е најпријатното изненадување во првенството. Добриот старт на тренерот Марковски, ја продолжи Сашо Тодоровски, кој веќе е докажан тренер, со кој последниве три сезони освои најмногу трофеи како стратег во младинските екипи на Вардар.

-Работнички не е екипа за потценување, но ние со својата добра подготвеност овој пат бевме подобри и според тоа нема причина да не бидеме задоволни од постигнатиот резултат. Желбата, мотивацијата, тимска работа и секојдневните тренинзи под водство на нашиот тренер Сашо Тодоровски допринесоа да оваа сезона имаме одлични резултати, без ниту еден пораз што не значи дека не треба да продолжиме со истиот континуитет на работа, за да го задржиме првото место на табелата.

171

Омерагиќ оваа сезона игра одлично и постојано се запишува во листата на стрелци, на натпреварите на неговата екипа. Тој е еден од најзаслужните за голгетерската форма на помладите пионери, во оваа натпреварувачка сезона.

-Како на тренинзите така и на натпреварите настојувам да го дадам најдоброто од себе, всушност како и секој поединец од нашата екипа. Бројот на постигнатите голови ми претставува мотивација повеќе за поголем придонес за екипата на Вардар, како и за мојот личен спортски напредок, но и за оправдување на довербата на мојот тренер.

Вардар е убедливо прв на табелата во оваа возрасна генерација, со 9 бодови повеќе од Победа од Прилеп и дури 11 повеќе од екипата на Работнички. Вардарци се уште немаат пораз, а имаат забележано десет победи и еден нерешен резултат.

231

-Со оглед на досегашните постигнати резултати имаме големи шанси за освојување на двојната круна на крајот на оваа сезона. Верувам во нашиот тим, верувам во нашата игра, во нашиот ентузијазам што го носиме во себе и верувам дека оваа генерација може многу да постигне во иднина.

Во четврток, помладите пионери го играат реванш натпреварот од 1/4 на купот, против екипата на Еуроспорт. На првиот дуел одигран на теренот на Академијата, Вардарци славеа убедливо со резултат 4:0.

-Без разлика што го добивме натпреварот на домашен терен со 4-0, таму противникот ќе биде уште помотивиран да не победи на натпревар каде што се тие домаќини, но ние секако нема тоа да го дозволиме. Иако имаме високо водство, ќе го почнеме овој реванш во Куманово, како да е резултатот од првиот дуел 0:0. 

Звонко Ивановски