Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Осма последователна победа за Вардар (3) генер. “2007“ , кој ја совлада Форца (2006) во дербито на детската лига
Осма последователна победа за Вардар (3) генер. “2007“ , кој ја совлада Форца (2006) во дербито на детската лига

Осма последователна победа за Вардар (3) генер. “2007“ , кој ја совлада Форца (2006) во дербито на детската лига

Денес на терените на ФФМ ново коло во детската фудбалска лига одигра екипата на Вардар (3) предводена од Томче Трајановски. Тоа се момчиња родени “2007“ година, кои се натпреваруваат во повозрасната генерација ““2006“.

Тоа не им претставуваше проблем на борбените избраници на Трајановски да победат во дербито и тоа против една од најсилните школи, тоа е Форца на Јовче Чипунов. Првиот директен  удар го упати тимот на Форца, но нашиот голман Лука Јаневски беше на своето место и успешно одбрани. Вардар веднаш врати, кога Стефан Младеновски, биеше, а голманот на Форца со крајни напори успева да одбрани и да исфрли во корнер. Во истата акција после изведен корнер, со глава погодува токму Младеновски, кој му носи рано водство на Вардар од 1:0.

6

Гледавме борбена игра на двете страни, екипите на Вардар и Форца беа желни за надигрување и докажување, натпреварот го оправда епитетот дерби на колото. Поради играње со рака во нашиот голмански простор, судијата оправдано покажа на белата точка за екипата на Форца, која успешно го реализира казнениот удар и го израмнува резултатот на 1:1.

4

Израмнувачкиот гол не ги обезхрабри нашите надежи, кои тргнаа офанзивно во атак на нови шанси. Притисокот што го направивме на противничката половина ни донесе трет корнер, што автоматски значи и изведување на пенал. Александар Грашески кој е играч роден “2008“ година ја превзема одоговрноста и не греши во својот обид, го совладува противничкиот чуавр на мрежата и носи нова предност на црвено-црните од 2:1.

1

Имаше убава можност, Форца да врати набрзина, но нафрлената топка од левата страна, стигнува до еден од нивните играчи кој бие високо над нашиот гол. Повторно во шанса кај нас се наоѓа Младеновски кој бие, но брни голманот на Форца. Во прилика се најде и Петар Мицевски, кој шутира над голот. До крајот на првото полувреме, два обиди имаше тимот на Форца, удари кои завршуваат покрај нашиот гол. По првото полувреме имавме водство од 2:1.

7

И во второто полувреме на стартот прв директен удар кон нашиот гол, но Јаневски денес е на висина на својата задача. Игравме одлично, а тренерот Томче Трајановски постојано ја ротираше екипата и им даваше подеднаква минутажа на сите играчи, потези кои на крај се покажаа како тактички добри за да се совлада противникот. Со оглед дека тимот на Форца беше повозрасен, ни требаше свежина за да можеме да се спротивставиме. Убава шанса имавме преку Борјан Томовски кој шутираше покрај голот на противникот, а Емир Шаботиќ бие над голот. Голема шанса имавме преку Петар Мицевски, кој ја погоди стативата, немавме среќа во оваа ситуација. Сепак подобрата игра, но донесе нов гол, кога Форца направи три корни, а судијата покажа на белата точка. Овој пат шутираше прецизно Милош Спасовски за водство на црвено-црните од 3:1.

5

Сепак Форца врати после само две минути и донесе нова резултатска неизвесност, кога постигнаа гол и намалија на 3:2 Голема шанса за Форца да го израмни резултатот, кога поради три корни на Вардар, противникот имаше казнен удар. Високо над голот бие еден од играчите на Форца и не успева да го совлада Јаневски Лука. Вардар бргу казнува, кога по упатена топка на Спасовски од нашиот гол, која стигна до Шаботиќ, кој мајсторски го лобува голманот, за предност од 4:2. Можевме до крајот на натпреварот да зголемиме, но двете прилики на Томовски, останаа нереализирани.

Ова беше вкупно осма победа за Вардар (3) од исто толку одиграни натпревари. Допрва претстојат натпревари со “братскиот“ Вардар (1) и Вардар (2) од генерацијата “2006“.