Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Со висока победа младинките на Вардар Јуниор ја завршија полусезоната, Ѓорче прегазен со “плус 33“
Со висока победа младинките на Вардар Јуниор ја завршија полусезоната, Ѓорче прегазен со “плус 33“

Со висока победа младинките на Вардар Јуниор ја завршија полусезоната, Ѓорче прегазен со “плус 33“

Денес во салата “Кале“ во рамки на Младинската лига во дуел од 7.коло екипата на Вардар Јуниор предводена од Драгана Пецевска ја пречека екипата на РК Ѓорче Петров Вардар предводена од Владимир Радиќ. Нашите девојки во дуел во кој целосно доминираа дојдоа до победа со високи 33 гола предност, тие триумфираа со резултат 43-10 (18-7). Ова беше последне дуел оваа есен, тие имаат шест победи и еден пораз.

4

Девојките на Вардар први отворија со два погодока за 2-0, противникот брзо врати и намали на 2-1. Во 6.минута поведовме со високи 5-1, што беше сигнал Радиќ да побара минута одмор. Тоа не помогна многу па веќе за 2.минути на 7-2 повторно гостинот искористи тајм-аут. Тие намалија на 7-3 потоа, но Седлоска веднаш врати со атрактивен гол за 8-3. Во 25.минута првпат отидовме на двоцифрена предност кога со голот на Наскоска зголемивме на 15-5. До крајот во игра игра гол за гол успеавме да го однесме е натпреварот на одмор со огромни 11 гола предност, на семафорот во “Кале“ стоеше 18-7 за време на паузата.

3 22
Во вториот дел тренерот Пецевска Драгана во игра уфрли поголем дел од клупата за резервни играчи, кои не само што го задржаа ритамот туку и го убрзаа “падот“ на противникот. Први со гол за 19-7 отворивме ние, противникот врати во првиот нивни напад за намалување на 19-8. Потоа на теренот играше само една екипа, девојките на Вардар Јуниор. Тие во нападот беа непогрешливи, а во одбраната цврсти и бескомпромисни на теренот. Тоа донесе неверојатна серија 18-1, со која отидовме на неверојатни 37-9. До крајот се беше рутина предноста беше огромна, истата додатно ја зголемивме во финишот. На крај победивме со високи 43-10. Кај нас прв стрелец со 9 гола беше Наскоска, Ѓоргиевска постигна 7 гола, a Седлоска стрелаше 5 пати. Одличен ден имаше и голманското дуо Трајкоска-Станчевска кои заедно имаа 16 одбрани од кој четири седмерци.

1
Вардар: Трајкоска ( 9 одбрани/3пенала), Станечевска (7 одбрани/1 пенал), Грозданоска 3, Аросовска, Дамјановска, Гонзалес 2, Ѓориевска 7, Петковска 2, Софтовска 2, Наскоска 9, Џатевска, Костовиќ 1, Седолска 5, Коларовска 4, Јавкочевска 6, Галевска 2.

Тренер: Пецевска Драгана