Денес се одигра 12 првенствено коло кај младинските фудбалски категории. Пионерските екипи во дуелите со Шкендија забележаа една победа и нерешен резултат. Овие мечеви се одиграа на теренот во Тетово.
Помладите пионери стигнаа до својата 11 победа, а 10 последователна за избраниците на Сашо Тодоровски. Тие денес славеа на тешкиот терен во Тетово, совладувајќи ја екипата на Шкендија со резултат од 1:2. По првото полувреме, Вардарци имаа минимално водство од 0:1, откако во последната минута од првото полувреме (39) погоди Анатолиј Петејчук. По само пет минути игра во второто полувреме, домашниот тим успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. Се играше цврсто на двете страни, а посреќен во финишот беше Вардар, кој речиси во последните минути од натпреварот успева да постигне втор гол и да слави триумф на овој дерби натпревар. Среќен за црвено-црните беше бекот Али Асани, кој во 76 минута успева да го матира противничкиот голман и да донесе голема радост на клупата на Вардар. Со овој гол беше псотавен конечниот резултат од 1:2.
ФК Вардар: Станковски, Петејчук, Асани, Гугуљанов, Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски, Мирков, Хасани, Омерагиќ, Стојановски, Фазлиу.
Во игра влегоа уште и Харбин Речица и Фисник Салиу.
Пионерите пак одиграа со идентичен резултат (3:3), како и на првиот натпревар одигран на теренот во населбата Јане Сандански. За разлика од тој прв меч, Вардар успева денес прв да го отвори резултатот и да поведе по само десет минути игра со голот на Давид Астарџиев. Овој резултат беше актуелен и на полувреме. По само две минути игра во вториот дел, домашниот тим го совладува нашиот голман и го израмнува резултатот на 1:1. По втор пат на овој натпревар, избраниците на Тодоровски успеваат да стигнат до водство од 1:2. и тоа со гол на Леонид Игнатов во 43 минута, односно само по една минута, откако Шкендија го изразмни резултатот. Во следниот период од играта следи целосен пресврт на овој меч, кога Шкендија постигна два гола и направи комплетен резултатски пресврт . Со голови во 49 и 78 минута, тие поведоа со 3:2. Се играше последната минута од натпреаварот кога Давид Ристовски успева да ја затресе противничката мрежа и да донесе голем бод за својот тим. На крајот конечен резултат од 3:3 и поделба на бодовите.
ФК Вардар: Андов, Спировски, Николов, Илиевски, Ѓурковски, Манасиевски, Хасановиќ, Ристовски, Астарџиев, Андоновски, Игнатов.