Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар “фаќа” ритам, четврта победа во низа
Вардар “фаќа” ритам, четврта победа во низа

Вардар “фаќа” ритам, четврта победа во низа

Струмица и стадионот Младост му носат среќа на тимот на Вардар. Црвено – црните се чини фаќаат победнички ритам, попладнево во дербито на колото Вардар ја победи домашната Академија Пандев со резултат 0:2 (0:1). Стрелци на головите денеска кај Вардар беа Максимов и Стојков.

Пред нешто повеќе од четири илјади гледачи денеска беше одигран дерби дуелот на Академија Пандев и Вардар. Зад голот на домаќините беа и Комитите кои со песна го бодреа својот тим. Во 8. минута Вардар за прв пат се закани преку Стојчевски кој упати удар високо над голот на Вујанац. Во 16. минута се обиде и Фелипе со неговиот шут кој отиде во рацете на Вујанац. Во 33. минута Вардар имаше голема шанса да дојде до 0:1, но ударот на Глигоров со крајни напори го одбрани Вујанац. Гооол, во 45. минута Вардар дојде до 0:1 со голот на Максимов, нафрли Хамбарџумјан од десната страна, а Максимов од 3-4 метри со глава погоди во голот на Вујанац.

23844452_1494278777293069_2483806143366953458_nВо вториот дел Вардар исто така ја имаше топкта во свој посед и имаше повеќе шанси за гол. Прв во вториот дел се обиде Фелипе во 55. минута од слободен удар, ударот замина за малку крај голот на Академија Пандев. Во 65. минута во игра влезе Стојков на местото на повредениот Блажевски. Следен кој се обиде кон голот на Вујанац беше Максимов во 69. минута, доби една одлична топка од Стојков но биеше само во голманот на домаќините и пропадна оваа шанса. Во 75. минута и Велковски имаше голема шанса, исто така по одлична асистенција на Стојков, нашиот играч биеше само покрај голот на Вујанац. Во 75. минута во игра влезе и Марковиќ на местото на Николов. Вардар не запре со нападите, во 79. минута Фелипе силно биеше од 2о метри но Вујанац одлично одбрани. Во 81. минута во игра влезе и Петковски на местото на Стојчевски. Гоол, 0:2, во 88. минута по одлична акција и додавање од Фелипе, Стојков елегантно погоди за 0:2 и точка на овој дуел.

fkv-glisic-pandev