Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Осум победи и еден пораз за Вардаровите генерации во четвртото пролетно коло од детската лига
Осум победи и еден пораз за Вардаровите генерации во четвртото пролетно коло од детската лига

Осум победи и еден пораз за Вардаровите генерации во четвртото пролетно коло од детската лига

Генерациите на фудбалскиот клуб Вардар го одиграа и четвртото пролетно коло во детската лига. Одигравме вкупно девет натпревари. Остваривме вкупно осум победи и еден пораз. Повторно бевме голгетерски расположени и со голема гол разлика ги добивавме натпреварите.

Сите постигнати резултати на нашите екипи во ова коло на детската лига:

ФК Вардар (1) генер. “2004“ – Шкендија А.  15:0

ФК Вардар (2) -Работнички   8:1

ФК Вардар (1) генер. “2005“ – Шкупи  3:0

ФК Вардар (2) – Работнички  10:0

ФК Вардар (1) генер. “2006“ – Работнички 2  7:0

ФК Вардар (2) – Спорт Ефе  6:1

ФК Вардар (1)  генер. “2007“ – Кул Здравје 2  7:1

ФК Вардар (1)  генер. “2008“ – Куманово 1:2

ФК Вардар (2) – Шкендија А.  6:0

После одигрување на ова коло Вардаровите генерации родени “2004“ и “2005“ остануваат со максимален број на освоени бодови, а истиов учинок го имаат и екипите на Вардар (1) од генерациите родени “2006“ и “2007“ година.