Thursday ,09 December 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пачовски и Брдаровски од првата минута против Украина
Пачовски и Брдаровски од првата минута против Украина

Пачовски и Брдаровски од првата минута против Украина

Како што е добро познато за неполни два часа нашата фудбалска репрезентација ја пречекува селекцијата на Украина. Речиси сигурно, во стартните 11-мина на овој натпревар ќе имаме и двајца играчи од нашиот црвено – црн табор. Тоа ќе бидат: капитенот на нашата селекција Томе Пачовски и Владица Брдаровски.

Ова ќе биде последен натпревар за популарниот Пача помеѓу стативите во националниот дрес, додека пак од Брдаровски очекуваме да се покаже во одлично светло, нешто слично како на натпреварот со Шпанија кога одигра еден добар натпревар против звездите на шпанската репрезентација. Натпреварот започнува од 20 часот и 45 минути на нашата Филип II aрена.