Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Рк Вардар 2 ја “брка“ четвртата победа во првата ракометна лига

Рк Вардар 2 ја “брка“ четвртата победа во првата ракометна лига

Избраниците на Стојан Петрушевски против екипата на Гостивар ќе ја “бркаат“ четвртата последователна победа во првата ракометна лига. Овој натпревар е закажан да се одигра утре со почеток од 12:45 часот во малата сала на С.Ц. Јане Сандански. Во првите три кола, црвено-црните имаат исто толку победи и со максимални 9 бодови се наоѓаат на првото место на табелта. Само уште ХЈС Работник и Струга имаат максимален учинок на стартот од сезоната.

Претходно Вардар беше подобар од тимовите на Риниа-М, Тиквеш и Младост од Богданци. Гостивар се наоѓа на последното место на табелата без освоен бод. Нашите момци се апсолутни фаворити, кои треба да го докажат тоа и на теренот.