Saturday ,12 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарецот и капитенот на Македонија У-19 П.Петковски одигра 80 минути против Англија
Вардарецот и капитенот на Македонија У-19 П.Петковски одигра 80 минути против Англија

Вардарецот и капитенот на Македонија У-19 П.Петковски одигра 80 минути против Англија

Младиот фудбалер на црвено – црните кој е се почесто стартер кај Гоце Седловски одигра 81 минута од квалификацискиот дуел на македонската фудбалска репрезенација до 19 години на мечот со Англија. Петар Петковски на овој дуел ја носеше капитенската лента за црвено-жолтите.

Мечот со Англија беше прв  натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство. На истиот македонските млади фудбалери забележаа пораз од нивните врсници со 0:2, по крајот на првиот дел мечот заврши со резултат 0:0. Македонија играше добар меч, имаше и неколку прилики, но младите англичани успеаа дури во последната третина од мечот да не поразат. Првин погодини   Амстронг во 67 минута, а Мајтланд Нилас ја запечати победата со гол за 0:2 во 90+ минута. Петковски одигра добар меч особено во 35 минута одлично реагираше кога Аламеровиќ нафрли, а нашиот вардарец  Петковски одлично ја спушти за Абаз кој ја пропушти оваа одлична шанса и ја промаши рамката на голот. Избаниците на Горан Станиќ утре играат со селекцијата на Италија.

фото:ффм.мк