Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > МТВ-1 ќе го пренесува дуелот Вардар-Рајн Некер
МТВ-1 ќе го пренесува дуелот Вардар-Рајн Некер

МТВ-1 ќе го пренесува дуелот Вардар-Рајн Некер

Македонската радио и телевизија од годинива ги поседува тв-правата за пренесување на мечеви од ЕХФ Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција.  Како и сите претходни три дуели така и утрешниот дуел во четвртото коло со германскиот вице-шампион Рајн Некар ќе може да се проследи низ директен пренос на МТВ.

Мечот ќе иде на првиот програмски канал со почеток во 17 и 30 часот, а  половина час претходно ќе има студиска емисија посветена на ова дерби на четвртото коло според мислењето на европската куќа на ракометот. Вардар се сретнува трет пат во Л.Ш со бундеслигашот Рајн Некер и во двата први дуела има однесено победа. Голема помош на црвено – црните ќе биде и присуството на вака тешкиот меч на навивачката група Комити Запад што беше објавено во вчерашното соопштение (види). Кај гостинот дефинитивно нема да допатува српскиот чувар на мрежата Дарко Станиќ, а според изјавата на Гонзалез кај вардарци има неколку полесно повредени играчи за кој очекува да може да настапат на утрешниот дуел во С.Ц Јане Сандански.