Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Пачовски објави крај на кариерата- Не погрешив што бев дел од Вардар
Пачовски објави крај на кариерата- Не  погрешив што бев дел од Вардар

Пачовски објави крај на кариерата- Не погрешив што бев дел од Вардар

Искусниот голман,  Томе Пачовски кој беше дел од ФК Вардар и впиша  74.настапи  реши да стави крај на својата долга и богата  голманска кариера. Два пати Пачовски беше дел од Вардар, тој го носеше голманскиот дрес на екипата во сезоната 2008/2009, а потоа во 2015 година во јануари повторно дојде во нашата екипа. Сега по завршувањето на есенскиот дел од сезоната, откри дека ќе се откаже од фудбалот, и во иднина ќе се посвети на тренерската кариера. Официјалниот сајт на клубот, направи интервју со Пачовски.

Беше ли тешко да се донесе една таква одлука околу крај на кариерата?

Пачовски: Искрено мене не ми беше многу тешко. Затоа што сето она кое го замислував како дете, го остварив. Бранев во квалитетни клубови, и во репрезентација, нешто што може да го посака секој голман. Со сите останав искрен, со сите имам коректни односи и доколку продолжам во фудбалот, сметам дека секаде вратите ќе ми бидат отворени.

oo2

Кога пред три години ти стигна понуда од Вардар, размислуваше ли дали да ја прифатиш?

Пачовски: Пред сè размислував на тоа дали да се вратам во Македонија. Зборував и со моето семејство, но со оглед на годините кои ги имав во тој момент, и договорот со Вардар кој што беше на три години, потоа максималната професионалност на господинот Сергеј Самсоненко на некој начин ми ја олеснаа одлуката да се вратам, и навистина не погрешив што повторно бев дел од Вардар.

Кој натпревар ќе ти остане како голман во вечно сеќавање во дресот на Вардар?

Пачовски: Без размислување, тоа е натпреварот со АПОЕЛ на гостински терен. Тоа беше прв меч во Лигата на шампионите после една година пауза, и со оглед на големите амбиции на клубот, имаше многу голем притисок. Јас го чувствував тоа на себе, и горд сум што успеав да ја завршам мојата работа, односно да не примам гол. Навистина штета што тогаш не отидовме во следното коло. Исто така одлучувачките натпревари со Шкендија за титулата пред две сезони не можам да ги заборавам.

Има ли натпревар на Вардар кој што ќе го паметиш како „гледач“?

Пачовски: Јас бев со екипата на сите гостувања во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона. Оној меч со Фенербахче во Истанбул кога Вардар обезбеди пласман во Лигата на Европа после кој сите славевме. Ми беше многу драго што тимот успеа да го направи најголемиот успех. Сите заедно се радувавме, и тој натпревар ќе го паметам вечно на кој што не сум учествувал. Не ми е криво затоа што, сепак, најважно беше Вардар да го направи тој успех кој што ќе донесе бенефит за целокупниот македонски фудбал.
Целото интервју прочитајте го ТУКА!