Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пачовски за мирна мрежа на Вардар
Пачовски за мирна мрежа на Вардар

Пачовски за мирна мрежа на Вардар

Во вистински момент некогашниот капитен на репрезентацијата на Македонија Томе Пачовски се врати помеѓу стативите на Вардар. Популарниот ”Пача” на вчерашното мега дерби против Шкендија беше еден од јунаците на средбата, бидејќи спаси неколку зицери при напади на играчите од Тетово.

Во првиот дел Пачовски имаше помалку работа и немаше некоја посериозна закана кон неговиот гол, но во вториот дел Томе покажа зашто со право го носи епитетот прв голман во тимот на ФК Вардар, а и несомнено најдобар голман во ПМФЛ. Пача спаси 3 чисти ситуации, и потсети на неговото блескаво издание на Кипар, кога против тимот на Апоел беше јунак и најзаслужен што се вративме дома без ниту еден примен погодок во неговата мрежа. Нешто слично нашиот голман демонстрираше и на оваа средба која беше од исклучителна важноста за понатамошниот тек на табелата во нашата прва лига.