Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци броеа до 51 во дуелот со Металург 2 и се пласираа на завршниот турнир од купот на Македонија
Вардарци броеа до 51 во дуелот со Металург 2 и се пласираа на завршниот турнир од купот на Македонија

Вардарци броеа до 51 во дуелот со Металург 2 и се пласираа на завршниот турнир од купот на Македонија

Нашиот ракометен шампион успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир на најдобрите четири екипи од купот на Македонија. Избраниците на Раул Гонзалес денес ги одиграа двата натпревари во својата четвртфинална група и на двата меча забележавме убедливи победи. Најпрво беше совладан тимот на Работнички, за во решавачкиот меч да ја победиме и екипата на Металург 2.

Гостинот од Автокоманда беше рамноправен противник само во првите минути од натпреваврот кога резултатот беше израмнет, по што следуваше серија на погодоци за црвено-црните, која не одалечи од противникот. Разликата во квалитет беше голема на двете страни, Вардар кога беше потребно го подигнуваше нивото на игра и ја полнеше мрежата на Металург. На полувреме се замина со водство на Вардар од 26:18.

Во вториот дел само се зголемуваше предноста во наша корист. Започнавме со серија од 4:0, за веќе убедливи 30:18. Мало опуштање во нашите редови, донесе Металург 2 да постигне шест погодоци во серија и да намали на 30:24. Ова како да го разлути Вардар, кој одговара со нова серија од 7:0 за предност од 37:24. До крајот рутинирано и со половина од своите сили, успеавме да го добиеме противникот. Тренерот Гонзалес им даде шанса за настап на сите ракометари кои му беа на располагање за овој меч. Интересно е што освен Абутовиќ и голманите, сите други се запишаа во листата на стрелци. Најефикасен беше Шикарев со 8 голови, додека Стоилов и Брумен додадоа по 7.

Вардар: Милиќ, Ангелов, Стоилов 7, Брумен 7, Тоскиќ 1, Манасков 6, Карачиќ 5, Душебаев 4, Абутовиќ, Лазаров 1, Циндриќ 1, Дибиров 3, Горбок 2, Шишкарев 8, Марсениќ 6

Завршниот турнир е закажан за 14 и 15-ти мај, на кој покрај двата тима на Вардар, ќе настапат уште и екипите на Металург и Охрид.