Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар утре во Марино ја продолжуваат битката за титулата
Пионерските екипи на ФК Вардар утре во Марино ја продолжуваат битката за титулата

Пионерските екипи на ФК Вардар утре во Марино ја продолжуваат битката за титулата

Утре на теренот во населбата Марино, натпревари од 19 коло ќе одиграат пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар. Влегуваме речиси во самата завршница во првенството на малдинските фудбалски категории, каде секој освоен бод е значаен во борбата за титулата. Противник ќе ни бидат врсниците од Македонија Ѓ.П.

-Помладите пионери својот меч ќе го започнат од 10 часот,на кој се апсолутни фаворити во дуелот со Македонија Ѓ.П. Првеиот натпревар одигран во есенскиот дел на теренот на противникот заврши со убедлива победа за Вардарци. Тогаш резултатот беше 0:8. Очекуваме и на утрешниот дуел триумф, со кој би ги продолжиле шансите за титулата, со нашиот директен конкурент екипата на Работнички. Веќе во сабота не очекува и за заостанатиот натпревар од 17 коло, на истиов терен со екипата на Шкупи.

-Важен натпревар и за пионерите на Вардар, на кој само победа ќе биде поволен резултат за избраниците на Сашо Тодоровски, кои играат одлично во пролетниот дел од сезоната. Мечот ќе започне во 12 часот. Уште поголем мотив за триумф ќе биде нерешениот резултат на првиот меч одигран во Ѓорче, во есенскиот дел од сезоната. Во зимскиот подготвителен период одигравме контролен натпревар со истиов противник на кој бевме убедливи. Следниве два натпревари за Вардаровите пионери можат да се покажат како најважни во борбата за титулата. Во сабота сме исто така домаќини на нашиот директен конкурент, екипата на Шкупи против која и најверојатно ќе се одлучи новиот шампион во оваа генерација.