Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пачовски нашиот јунак, играч на натпреварот
Пачовски нашиот јунак, играч на натпреварот

Пачовски нашиот јунак, играч на натпреварот

Главен виновник што нашата мрежа остана незатресена на вчерашниот натпревар е сигурно нашиот голман Томе Пачовски. Дефинитивно е играч број еден на натпреварот, кој не остави во игра за пласман во третото квалификациско коло. Пачовски уште еднаш ги покажа своите квалитети и големото искуство кое го има зад себе. На неколку наврати успеа да одбрани чисти зицери и да го спаси нашиот гол.

Пред крајот на првото полувреме на два пати успешно интервенираше, по изведените корнери на Кипарскиот преставник. Во тие моменти покажа одлични рефлекси и голмански способности. Можеби и најголемата прилика за гол, Апоел ја имаше во вториот дел кога нивниот напаѓач излезе очи во очи со нашиот голман, но Пачовски повторно успеа на феноменален начин да обрани и да спречи негатива.Имаа уште неколку обиди за гол Апоел, но без резултат бидејки последната пречка секогаш беше несовладлива. Искусниот голман е убедливо најдобриот играч на Вардарци во овој прв меч. Се надеваме дека во исто издание ќе биде и во Скопје и повторно ќе ја зачува незастресена својата мрежа.