Супер купот на Македонија помеѓу фудбалските екипи на Работнички и Вардар ќе се одигра на 17-ти август на арената Филип Втори. Така реши фудбалската федерација на Македонија. Овој термин може да биде поместен доколку една од двете екипи, поминат во следното коло од европските натпреварувања.
Ова ќе биде само втор пат откако се игра супер куп во Македонија. Првиот го освои токму нашиот шампион, откако беше подобар од екипата на Тетекс. Сега сите погледи на Вардарци се свртени на мечот со Апоел и реваншот кој во вторник ќе се игра во Скопје.