Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Изјави на играчите по мечот со Апоел
Изјави на играчите по мечот со Апоел

Изјави на играчите по мечот со Апоел

Вардар успеаа да остане непоразен на тешкото гостување во Никозија, во рамките на второто квалификациско колоод Лигата на шампионите. Сега не очекуваат уште 90 минути за игра на реваншот о Скопје, по кој ќе биде познат патникот во следната рунда. Ова се реакциите и впечатоците од вечерашниот натпревар на дел од играчите, за официјалната страна на клубот:

-ТОМЕ ПАЧОВСКИ

Беше исклучително тежок натпревар. И поради временските услови и поради тоа што игравме против една силна екипа. Едноставно дадовме се од себе и тоа даде плод на крајот. Горд сум што успеав да одбранам неколку удари на противникот и да му донесам на Вардар позитивен резултат пред реваншот. И покрај провокациите кои ги имавме од публиката, успеавме да оствариме добар резултат. Што се однесува до вториот меч, сметам дека ќе биде сега уште потешко. На вакви натпревари одлучува само еден момент. Мораме да бидеме уште подобри и се надевам дека ќе поминеме понатаму. Тоа го посакуваме, и верувам дека можеме.

ХОФХАНЕС ХАМБАРЏУМЈАН

Ова е одличен резултат за нас. Меѓутоа овие 0:0 не ни даваат гаранција дека сме сигурно во следната фаза. Одигравме храбро и навистина беше тешко да се игра тука во Никозија. Имаме сега добар резултат пред реваншот, но задачата нема да биде лесна. Ова беше за нас само прв официјален меч, и очекувам да играме уште подобро во Скопје. Завршивме само дел од работата, а останува другиот дел да го завршиме на вториот меч. Очекуваме поддршка од нашата публика и се надевам дека ќе успееме заедно да славиме.

ДАРКО ВЕЛКОВСКИ

Беше тешко, но храбро се боревме и на крај успеавме да дојдеме до она што го посакуваме. АПОЕЛ се покажа како квалитетен противник и направи неколку шанси, но ние на голот го имавме Пачовски кој имаше своја вечер во Никозија. Честитки и за сите играчи кои изгинаа на теренот и на крајот дојде овој резултат. Сега не чека уште една задача во Скопје. Ќе ја имаме поддршката од публиката, но не треба да не залаже резултатот од натпреварот во Никозија. Знаеме дека не чека уште еден тежок натпревар.

ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ

Ова беше мојот најтежок натпревар. Против еден таков одличен тим одигравме максимално борбено и на крајот успеавме да извлечеме поволен резултат. Сепак, и овие 0:0 не треба ништо да значат затоа што престојат уште 90 минути од оваа борба со АПОЕЛ. Одиме на реваншот максимално, одиме да дадеме се од себе за да поминеме понатаму, да ја израдуваме нашата публика со еден голем успех. На дуелот во Никозија покажавме квалитет, сега треба да го потврдиме. Заслугите секако одат на името на Пачовски, меѓутоа сите момци кои беа на теренот дадоа се од себе да се вратиме со овој добар резултат.