Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Андреев: Овој резултат немора ништо да значи
Андреев: Овој резултат немора ништо да значи

Андреев: Овој резултат немора ништо да значи

Вечерва Вардарци остварија одличен резултат, пред реваншот за седум дена во Скопје. На жешкото гостување во Кипар, одиграа без голови 0:0 со екипата на Апоел. Ова е резултат кој ни дава големи шанси за реваншот, но и резултат со кој треба претпазливо да се влезе на натпреварот во Скопје. Тоа го потенцираше и шефот на стручниот, штаб Сергеј Андреев кој на прескоференцијата после завршување на дуелот го изјави следново:

-Овој резултат од 0:0 ништо немора да значи. Понекогаш и победа од 2-0 не е доволна и не значи ништо. Не можеме да претпоставуваме што ќе се случи на реваншот во Скопје. Ние знаеме каков променлив тим е Апоел, кога игра дома и кога гостува. Апоел брка резултат исто и ние. Сигурно е дека ние ќе играме поинаку, но свесен сум дека и Апоел ќе биде друга екипа. Ако примиме гол ќе мора да дадеме два на реваншот. И со 2-0, 3-0 немаше ништо да биде готово, изјави Андреев на прескоференцијата.