Генерациите родени “2003“ година на Академија Пандев и Вардар денес го одиграа првиот натпревар во рамките на полуфиналето од купот на Македонија. Овој прв дуел се одигра на теренот на противникот,во Струмица.
Натпреварот заврши како и што започна со почетниот резултат од 0:0. И двете екипи имаа свои периоди на добра игра и шанси за отварање на резултатот, но на крајот мечот заврши без победник. Следува реванш на теренот на Академијата, на кој Вардар ќе има голема можност да излезе како победник во овој двомеч и да се пласира во финалето на купот. Да потсетиме дека истиве екипи играа во финалето на купот минатата сезона, кога на стадинот “Борис Трајковски“ славеа црвено-црните. Избраниците на Горан Петрески се многу блиску до освојување на регионалната-скопска лига, а на добар пат се да се борат и за трофејот во националниот куп.
ФК Вардар: Стојковски, Маркоски, Ѓорѓоски, Давидовски (c), Јовановски, Стојановски, Прелоговски, Мирков, Андрески, Сељанац, Младеновиќ.
Резерви: Рамадани, Исмаиљи, Петрушевски, Тасески, Стојановски, Петковски.