Утре со почеток од 11:00 часот својот прв натпревар во рамките од полуфиналето на купот, ќе го одиграат пионерските екипи на Вардар и Пелистер. Црвено-црните се домаќини на овој прв меч против битолчани, дуел кој ќе се одигра на теренот на Академијата.
Двете екипи во овој дел од сезоната одиграа два натревари и тоа во рамките на првенството. Првиот дуел во Битола заврши со нерешен резултат 2:2, додека Вардар на домашен терен и тоа во рамките на првото пролетно коло славеше минимално со 1:0, со погодокот на Давид Ристовски. Вардар претходно во четвртфиналето на купот ја елиминираше екипата на Македонија Ѓ.П, откако го победи противникот и на двата дуели.
Нашите пионери може да се каже дека се фаворити за пласман во големото финале, со оглед дека подобро котираме на табелата во лигата, нашиот противник се наоѓа на долниот дел на табелата, па и тие како и Вардар единствената шанса за трофеј оваа сезона ја бараат во националниот куп.