Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Академија Пандев е противник на Вардаровите генерации, во претпоследното 13 коло од првиот круг на натпреварување
Академија Пандев е противник на Вардаровите генерации, во претпоследното 13 коло од првиот круг на натпреварување

Академија Пандев е противник на Вардаровите генерации, во претпоследното 13 коло од првиот круг на натпреварување

Во сабота и недела, своето 13 коло во првенството на младнските фудбалски категории ќе го одиграат генерациите на Вардар. Кадетите и младинците во сабота гостуваат во Струмица, на екипата на Академија Пандев, додека пионерските екипи во недела на теренот на Академијата го пречекуваат истиов противнк.

Помладите пионери атакуваат на 12 победа во првенството, а пред овој натпревар имаат 11 победи и само 1 нерешен резултат. Перфектна сезона за избраниците на Сашо Тодоровски кои се наоѓаат на првото место на табелата со солидна предност пред најголемите конкуренти за титулата. Утрешниот противник го добивме на првиот меч одигран во Струмица, со резултат од 2:4, а истава екипа ја елиминиравме и во осминафиналето на купот и тоа по удари од белата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови. Натпреварот ќе се одигра во недела на теренот на Академијата со почеток од 10 часот.

Пионерите ќе се обидат да се вратат на победите во лигата, откако во претходното коло одиграа со нерешен резултат на гостувањето во Тетово. Истовремено, оваа генерација на Вардар успеа да се пласира во полуфиналето на купот. Тие ќе се обидат да стигнат до својот петти триумф оваа сезона, а го добија меѓусебниот дуел со Академија Пандев и на првиот натпревар одигран во Струмица, каде славеа со резултат од 1:3. Натпреварот во недела е со почеток од 12 часот.

После елиминацијата во четврфиналето на купот, кадетите и младинците се насочуваат кон натпреварите во лигата, каде до крајот на сезоната ќе се борат за што подобар пласман и сигурно дека ќе атакуваат на врвот. И кадетите и младнците ги добија првите натпревари во четвртото коло против А.Пандев одиграни на домашен терен. Тогаш избраниците на Влатко Колев славеа минимално со резултат од 1:0, додека младинците беа поубедливи, славејќи победа со резултат од 5:1. Натпреварите се играат во сабота, во Струмица, со почеток од 10 и 2 часот.

Инаку ова е претпоследното коло од првиот круг на натпреваруње. Познато е дека оваа сезона ќе се игра трокружен систем, а во последното коло следниот викенд за противнк го имаме тимот на Шкупи.