Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Има уште еден натпревар, но на реваншот треба да дадеме многу повеќе
Јаневски: Има уште еден натпревар, но на реваншот треба да дадеме многу повеќе

Јаневски: Има уште еден натпревар, но на реваншот треба да дадеме многу повеќе

Вардар не успеа со предност да го дочека реваншот во осминафиналето од националниот куп, откако денес одигра само со нерешен резултат во дуелот со Шкупи. Црвено-црните имаа и негатива по првите 45 минути, но во второто полувреме успеаа да постигнат гол и со нерешени 1:1 да го завршат натпреварот. За официјалната страна на клубот, шефот на стручниот штаб на Вардар, Чеде Јаневски ги искажа своите впечатоци од првиот осминафинален дуел.

-Секогаш во Купот постојат изненадувања, и на такво нешто ги предупредив играчите дека не треба да се опуштиме. Првото полувреме не го почнавме како што замислувавме, иако бевме добро поставени, но немавме пресинг и противникот ни доаѓаше во ситуација да се заканува од противнапади. Од една ситуација кога тие изведоа аут, примивме гол. Во вториот дел, направивме измени и одигравме многу подобро. Постигнавме гол од каде што се надевавме и потоа пропуштивме шанси да го добиеме натпреварот. На крајот, кога ќе ставиш сѐ на една карта на победа, нормално е противникот да се заканува од противнапади. При една таква шанса, Шкупи можеше да постигне уште еден гол во финишот. Можам да бидам задоволен од пристапот во вториот дел, но знам дека од шанси не се живее, туку треба да се даде гол. Има уште еден натпревар, уште 90 минути, ама се покажа дека на вториот натпревар ќе мора да дадеме повеќе од она што го дадовме денеска за да стигнеме до следното фаза од Купот.

Интересно истиве екипи во недела ќе одиграат натпревар, но во рамките на ПМФЛ.

-Не верувам дека ќе се менува многу во играта и на противничкиот и на нашиот тим. Треба да одиграме поагресивно и поактивно кога имаме посед на топката, да ја пренесуваме брзо топката во нивната половина, да бидеме доволно фудбалери во шеснаесетникот по тие нафрлени топки, и да играме што е можно побрзо.