Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Четири години без нашиот Пандо, почивај во мир вардарецу
Четири години без нашиот Пандо, почивај во мир вардарецу

Четири години без нашиот Пандо, почивај во мир вардарецу

Денес пред четири години  овој свет го напушти и се премести во вечноста нашиот вардарец Александар Пандовски – Пандо. За жал нашиот брат не ја издржа најважната битка во својот живот. Тој пред 4.години на денешен ден почина на една од скопските клиники по повредите здобиени во сообраќајната несреќа.

Пандо е дете на Вардар кој ги минал младите категории и истиот го носеше својот Вардар во срцето. Пандо играше за црвено – црните годината кога испаднавме годината кога немаше пари во нашиот клуб Вардар, Пандо беше и годината потоа во Вардар кога се закитивме со титулата по голема пауза. Потоа замина во некој други мак.клубови нормално не по своја воља неговата воља беше да игра до пензија за својот Вардар. Редакцијата на Вардарфанс вечно ќе го помни Пандо, тој често контактираше со нас во времето кога беше во Вардар, ама и потоа кога беше во други клубови и секогаш темата како на вистински вардарци ни беше црвено – црниот клуб.

f1

Времето поминува, ние не те заборавивме другар. Вечна слава почивај во мир.