Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Нов триумф на контролните мечеви за кадетите на ФК Вардар, совладана екипата на Шкупи
Нов триумф на контролните мечеви за кадетите на ФК Вардар, совладана екипата на Шкупи

Нов триумф на контролните мечеви за кадетите на ФК Вардар, совладана екипата на Шкупи

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар денес на теренот во населбата Јане Сандански одиграа пријателски натпревар со екипата на Шкупи, истиот го добивме во своја корист со резултат 2:1.

Во првото полувреме видовме два одлични гола, по еден на двете страни. Екипата на Шкупи прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1 со гол од околу 20 метри, на Хамса Рамани, немоќен беше нашиот голман Китановски. После негативата, црвено-црните се обидоа преку Речица кој шутираше над голот. Вардар успеа да постигне уште поубав гол и тоа директно од корнер на Дамјан Трајановски, кој успева да постигне евро гол и да го израмни резултатот на 1:1. Гледавме цврста игра на теренот, немаше многу шанси за голови. До крајот на првиот дел, имавме шанса преку Муас Демири кој шутираше крај голот на Шкупи.

Првиот директен удар во вториот дел го имаа избраниците на Деспотовски, се обиде Фисник Салиу, упати силен удар, но со крајни напори одбрани противничкиот голман. Во игра во второто полувреме влегоа уште и Симев, Шабани, Мицевски и Крстевски.  Вардар успева да поведе со 2:1 и да направи резултатски пресврт. Се играше акција од десната страна, центар шут упати Величковиќ во противничкиот шеснаесетник, на вистинското место се најде Харбин Речица кој погоди за прва предност на Вардар. Истиов играч имаше уште една добра прилика да го зголеми резултатот, но одбрани голманот на чаирчани. Во игра влезе и најмладиот играч на денешниот дуел, се работи за голманот Наум Ангелов, кој го замени Китановски. Нашите кадети имаа целосна иницијатива во вториот дел, имаа голем дел од играта и направија неколку шанси за зголемување на резултатот. Имаше обид противникот од слободен удар, но одбрани Ангелов на нашиот гол. До крајот на дуелот уште по еден обид на двете страни. Се закани Шкупи, одбрани Ангелов, додека Петејчук биеше над голот. Крај на овој контролен дуел за кадетите на Вардар, кој повторно го добиваат со резултатски пресврт.

Вардар: Китановски, Петејчук, Величковиќ, Костовски, Асани, Гугуљанов, Трајановски, Речица, Демири, Салиу, Исени