Девојките на големи срце газат во Италија. Шампионски меч одигра кадетската селекција на Македонија против Азербејџан. Избраничките на Пановски и Симовски успеаа да дојдат на чекот до 1/2-финалето на ЕХФ Шампионатот по победата денес со резултат 30-23. Со овој резултат дојдовме на чекор до полуфиналето, БРАВО ДЕВОЈКИ!!!
Првиот дел го започнавме фуриозно, во двата правци. Во одбраната на ниво одигравме, Симона Грујовска ја „спушти ролетната“ со 3-4 фантастични одбрани ни даде шанса да се одлепиме. Двапати Ангела Костовиќ, и по еднаш Фани Ѓорѓиевска и Седлоска стрелаа за високи 4-0, по што ривалот побара минута одмор. Следеа „стерилни“ минути каде двата тима не погодуваа, Грујовска која дојде до дури пет одбрани првпат беше совладана во 9.минута кога ривалот намали на 4-1. Веднаш се вративме во игра погодувавме безмилосно, Костовиќ и Ѓорѓиевска стрелаа од вардарки, Грујовска повторно фати зицер, па отидовме на 8-1 во 11.минута. Нашата одбрана беше на ниво, Џатевска, Гроздановска и останатите не даваа да минат ривалите, она што ќе минеше нашиот голман Грујовска вешто го „собираше“. Се играше средината на првиот дел односно започна 15.минута, противникот напаѓаше без голман, Грујовска одлично одбрани, фрли контра до Ѓорѓиевска која маестрално со лоб погоди, во истата минута стрелаше и Мими Петковска со прекасен “сув лист“ па по половина прв дел беше убедливо водство за нас, 10-1. Противникот намали на 10-2, следеа повторно минути без гол, цели пет минути двата тима немаа погодоци, на нашиот гол Грујовска го „оправдуваше“ синонимот Бејби Лејно кој го доби од мак.медиумите таа до 20.минута имаше неверојатни 14.одбрани. Предолго траеше нашиот „пост“ во нападот, противникот намали на 10-6 во 24.минута. Македонската клупа мораше да регира на оваа серија 0-5 и побара тајм-аут со цел да не отиде работата во непосакуван правец. Пеколот од 10.минути без гол го прекина капитенот Сара Миновска, во стил на среден бек, нашето крило мина низ „дожд од раце“ под удари храбро влезе и погоди за 11-6. Веднаш Грујовска ја впиша својата 16 одбрана, тоа во напад по луцидно додавање на Гроздановска мајсторски го валоризираше Ивана Џатевска, конечно имаше добар ритам повторно нашиот тим кој поведе со 12-6. Два добри напада имаме откако, Грујовска повторно брани, одземавме една топка во одбрана, девојките со срце на лавици: Коларовска и Џатевска погодија за 14-6 повторно бевме на безбедни 8 плус во 28.минута. На одмор заминаме со само пет плус, резултатот беше 16-11.
Tргнавме фуриозно и отидовме на плус девет. поведовме со 20-11, Грујовска не беше совладана во првиот пет минути во напад казнувавме и отидовме на комотна предност. По 11.минути игра по одбрана на Јована Трајкоска во напад награди Јанковска за резултат 23-15. Ние иако имавме падови сепак успавме да се вратиме во ритам. Точно на четвртина до крајот на овој дуел ние водевме со 24-17 во 45.минута, откако Костовиќ ја пронајде Ана Марија Коларовска. Таа по прифаќањето на топката направи чудесно движење, исфрли три девојки кои ја чува и храбро како што само она тоа го знае во црвено-жолтитот дрес пододи од тешка позиција. Следеа 4,минути без гол на двете страни, кај нас Трајкоска одбрани во напад награди Седлоска со одличен скок-шут за 25-17. Во 53.минута отидовме конечно на двоцифрена предност, Трајкоска имаше одбрана и фрли прецизна контра до Стефанија Ѓорѓиевска која феноменално влезе и стрелаше за 27-17. Се до крајот беше рутина, требаше да се спроведе во дело она што одлично се одработи. Во последните пет минути влеговме со резултат 29-20, откако Мими Петковска погоди фантастично. Победата дојде со резултат 30-23.
Кај нас од вардарки најистакната беше Симона Грујовска со 19 одбрани, другиот голман Јована Трајкоска имаше исто инспиративна партија со 7 одбрани. МВП наградата дојде во рацете на уште една Вардарка, Костовиќ. која имаше највеќе голови, пет.