Во претстојниве три дена првите натпревари од 1/4 финалето во Купот на Македонија ќе ги одиграат пет генерации на фудбалскиот клуб Вардар.
Први својот натпревар од четврт-финалната рунда ќе го одигра генерацијата 2005 на Вардар. Утре со почеток од 15:00 часот, момците на Зоран Петковски ќе гостуваат во Струмица, на екипата на Академија Пандев.
Во среда, пионерските екипи се домаќини во првиот 1/4 финален дуел на Победа од Прилеп. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот. Истиов ден, на истиот терен својот дуел ќе го одигра и генерацијата 2006 која за противник го има тимот на Постолов Пандев од Штип. Натпреварот ќе стартува од 14:30 часот.
Во четврток, меч од 1/4 финалето на националниот Куп ќе одиграат и кадетите на Вардар, кои гостуваат кај екипата на Њу Старс. Овој дуел е закажан да започне од 14:00 часот.