Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Пет играчи од ФК Вардар повикани во селекцијата до 19 години, за контролните мечеви против Полска и Англија
Пет играчи од ФК Вардар повикани во селекцијата до 19 години, за контролните мечеви против Полска и Англија

Пет играчи од ФК Вардар повикани во селекцијата до 19 години, за контролните мечеви против Полска и Англија

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 11 октомври во Варшава ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Полска, додека пет дена подоцна ќе гостува во Бирмингем, на селекцијата на Англија.

За овие силни контролни натпревари, селекторот на Македонија, Горан Станковски повика пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Филип Антовски, Стефан Наумчески, Али Адем, Јакуп Бериша и Алекс Талески.