Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Поповски: Засега се оди според планот, ни останува да се подготвуваме за саботниот дуел во ЛШ
Поповски: Засега се оди според планот, ни останува да се подготвуваме за саботниот дуел во ЛШ

Поповски: Засега се оди според планот, ни останува да се подготвуваме за саботниот дуел во ЛШ

Иако настапивме со комбиниран состав, нашиот шампион немаше поголеми проблеми во дуелот со екипата на Војводина. Избраниците на Гарсија Парондо стигнаа до петтата победа во новата сезона, во рамките на СЕХА-лигата. На овој меч поголема минутажа добија играчите кои беа во заден план на гостувањето против Веспрем, дуел на кој Вардар стигна до голема победа. За триумфот против Војводина, десното репрезентативно крило, Мартин Поповски истакна дека целта била да се стигне до победа, без да се истрошат многу сили.

-Засега се оди според планот, имаме пет победи од исто толку одиграни натпревари во СЕХА-лигата. Сакам да и честитам на екипата на Војводина кои одиграа добар натпревар пред се во првото полувреме, кога беа брзи во контра-нападите. Сакавме полека да го приведеме мечот во нашата корист, да не ги истрошиме силите со оглед дека во сабота ни доаѓа екипата на Рајн-Некар. Ни преостанува сега да се подготвуваме за тој натпревар во Лигата на Шампионите, истакна Поповски.