Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пет играчи од ФК Вардар на списокот на селекторот Станковски, за камп подготовките на селекцијата до 17 години
Пет играчи од ФК Вардар на списокот на селекторот Станковски, за камп подготовките на селекцијата до 17 години

Пет играчи од ФК Вардар на списокот на селекторот Станковски, за камп подготовките на селекцијата до 17 години

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години во периодот од 22-24.февруари ќе одржи камп подготовки во Скопје. По тој повод селекторот на оваа селекција, Горан Станиќ го објави списокот на играчи, на кои ќе смета за овие подготовки.

На списокот се најдоа и пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Дарио Јовановски ( десен бек), Грегори Давков ( лев бек), Филип Ѓорѓоски ( стопер), Абдула Хасани ( средина) и Георг Стојановски ( напаѓач). Сите овие играчи се дел од помладите пионери на ФК Вардар.

Собирот на репрезентацијата е закажан за на 22.02. со почеток од 10:00 часот во Хотел карпош. Македонската репрезентација ќе одигра два контролни натпревари, против генерациите 2002 на Вардар ( сабота) и на Работнички ( недела).