Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Slider > Кој е потенцијален противник на Вардар во 1/8 финалето, доколку црвено-црните завршат на 3.место во својата група
Кој е потенцијален противник на Вардар во 1/8 финалето, доколку црвено-црните завршат на 3.место во својата група

Кој е потенцијален противник на Вардар во 1/8 финалето, доколку црвено-црните завршат на 3.место во својата група

До крајот на групната фаза во двете најсилни групи од Лигата на Шампионите остануваат да се одиграат уште две кола, по што ќе бидат познати екипите кои ќе обезбедат директен пласман во четвртфиналето, како и осминафиналните двојки.

По поразот од Веспрем, нашиот шампион го загуби второто место и моментално се наоѓа на 3. позиција на табелата во најсилната група. Што ќе се случи ако Вардар остане на ова место и после одигрување на останатите два натпревари во групата. Потенцијален противник тогаш за црвено-црните ќе биде екипата на Мотор Запорожје, која моментално се наоѓа на 6.место во другата најсилна група Б. Сепак ова се само првични претпоставки, односно моментални после одигрување на 12.коло. Во групата Б се е можно до крајот, па така со шанси да се најдат на 6.место се и екипите на Целје и Скјерн. Сепак ниту пак Фленсбург и Нант, кои се на 3 и 4.место на табелата не се сигурни дека на овие места ќе бидат и на крајот од групната фаза. Фленсбург е на третото место со 12 бода, додека Мотор Запорожје е на шестото со 9 освоени бодови, што значи дека ништо не е решено во оваа група. Многу лесно може да се случи на шесттото место во групата Б да заврши и екипата на ППД Загреб која со 10 бодови се наоѓа на петтата позиција, со оглед дека има потежок распоред во последните две кола од украинскиот претставник. Во следното коло, Мотор Запорожје ќе биде домаќин на Скјерн, додека Загреб на домашен терен го пречекува тимот на Фленсбург. Во случај на победи на домашните екипи, ситуацијата на табелата дополнително ќе се закомпликува и во последното коло ќе се решава како би изгледал конечниот пласман на табелата во оваа група, која ќе го даде противникот на Вардар во осминафиналето.

Вардарци се уште имаат шанси да го вратат второто место во групата и тука ништо не е загубено. Црвено-црните во следното коло гостуваат кај екипата на Кристијанштад, тешко гостување за избраниците на Парондо, со оглед дека противникот грчевито се бори за пласман во осминафиналето, иако тие се најдалеку во моментов, за освојување на 6.место во групата А. Во последното коло пред своите навивачи, Вардар ќе ја пречека екипата на Монпелје, која ја совладавме на отварањето на новата сезона и тоа на нивни терен. Нашиот најголем конкурент за второто место, Веспрем, во следното коло е домаќин на тимот на Брест Мешков. Иако Унгарците се големи фаворити и според квалитетот и по домашниот терен, сепак Брест не смее да се отпише, со оглед дека водат голема битка за пласман во следната елиминациска рунда. Во последното коло, Веспрем гостува на жешкиот терен во Полска, кај екипата на Киелце, која исто така се бори за највисок пласман во групата.

Заклучок од сето ова напишаното: доколку завршиме како втори во групата не очекува дуел со подобриот од мечот помеѓу екипите на Спортинг Лисабон и Динамо Букурешт, доколку завршиме како трети или четврти, најблиску сме до дуел со екипите на Мотор Запорожје или ППД Загреб.

Како изгледа табелата во двете најсилни групи после одигрување на 12.коло:

ГРУПА А

1. Барселона  20

2. Веспрем  16

3. Вардар  15

4. Киелце  14

5. Рајн-Некар  12

6. Монпелје  7

7. Брест Мешков  7

8. Кристијанштад  5

ГРУПА Б

1. ПСЖ  22

2. Пик Сегед  19

3. Фленсбург  12

4. Нант  11

5. ППД Загреб  10

6. Мотор Запорожје  9

7. Целје П.Л  7

8. Скјерн 6