А репрезентацијата на Македонија на 12 ноември во градот Гранада ќе и се спротистави на една од најдобрите светски репрезентации, селекцијата на “црвената фурија”. За престојниот натпревар Игор Ангеловски прозиваше денеска.
Во повиканите играчи има дури петмина од нашиот табор. Игор Ангеловски не заборави, и ги повика и младите играчи, кој со репрезентацијата до 21 година испишаа фудбалска историја. Исто така во повиканите играчи е и сјајниот Филип Гачевски.
Список на повикани играчи од Вардар:
Игор Алексовски
Филип Гачевски
Дарко Велковски
Бобан Николов
Стефан Спировски