Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Вардаровите кадетките “златни“ , пионерките “бронзени“ на турнирот во Гази Баба
(ФОТО) Вардаровите кадетките “златни“ , пионерките “бронзени“ на турнирот во Гази Баба

(ФОТО) Вардаровите кадетките “златни“ , пионерките “бронзени“ на турнирот во Гази Баба

Кадетките на Вардар го освоија првото место и пехарот, а пионерките беа победници во мечот за третото место на турнирот во Гази Баба кој заврши вчера. Во двата меча противник ни беа врсничките од скопски ЖРК Металург и во двата дуели ние триумфиравме.

op1

По победата во полуфиналниот меч над екипата на Металург 2002/03, во финалниот дел кадетскиот состав на Вардар предводен од Платон и Кузмановска се сретна со ЖРК Металург 2000/2001. Во исклучително интересен меч црвено-црните дојдоа до победа од тесен резулат, односно 18-17.  Први со гол мечот го отворија девојките на Металург, апак ние брзо вративме со погодок за 1-1. Мечот продолжи со постојани минимални водства и зедначувања на 2-2, па на 3-3 и така во текот на целиот прв дел  ниту една екипа не успеја да се одлепи на комотна разлика во одност на другиот тим. На полувреме заминавме со предност од два гола односно 9-7.

op2 op7
По крај на одморот во вториот дел повторно се продолжи со иста игра, двата колектива беа близу ние имавме водство кое противникот го бркаше, но неуспеваше да го стигне. На крајот однесовме победа со еден гол разлика односно 18-17. Во нашиот победнички табор Бојана Диневска со пет гола беше прв стрелец, покрај неа одлични беа и Анастасија Неловска, Ива Цветковска и Ивона Трпевска кои постогнаа по неколку гола во оваа победа.

op

op6

Во другиот дуел избраничките на Пецевска и Ристевска  се сретнаа со Металург 2002/2003 во овој меч тие дојдоа до триумф и го заземаа третото место на турнирот. Мечот почна со погодок за Металург за почетно водство од 1-0, на кое веднаш вративме со серија 0-3 и го преземавме водството. Сино-белите успеаа да одговорат со иста серија и да ја преземат предноста со резултат 4-3 негде по средината од првиот дел. Црвено-црните девојки сакаа и успеаа да ја вратат контролата на резултатот со серија 1-3 успеваат да го однесат мечот на полувреме со резултат  5-6 во корис на вардровиот пионерски женски состав.
Вториот дел започна со два гола за нас и резултат 5-8, тоа беше првпат да отидеме на “три плус “ во овој дерби дуел помеѓу двете пионерски екипи од Скопје. Одтука  мечот почна да се игра гол за гол, во постојана резултатска “клацкалица“ помеѓу два-три предност гола за нас.  Се до пред финишот кога Металург се доближи на еден гол предност, сепак рутинирано со долги напади го трошевме времето погодувавме и триумфиравме со 15-17.

vardarfans-andrea-sedloska

Седлоска постигна 10 од 17 гола за триумфот

Повторно наистакната кај нас беше која Седлоска Андреа постигна десет погодоци на овој дуел од 17 за нас. Таа на турнирот постигна вкупно 17 гола за Вардар од вкупно 32 кој ги постигна Вардар, односо 53% од погодоците. Очигледно ова млада девојка влегува во форма во последните дуели и ќе биде стожер кога во прашање е офанзивниот дел на оваа генерација во иднина.