Фудбалскиот клуб Вардар се наоѓа во Охрид, каде ќе го одработи главниот дел од подготовките пред стартот на новата натпреварувачка сезона.
Стручниот штаб на чело со Бобан Грнчаров на подготовките приклучија и играчи кои се дел од младинската школа на клубот. Се работи за играчи кои се родени 2005 година, тоа се Марко Стојилевски, Горјан Цветков, Никола Величковски, Давор Серафимов и Ѓорѓи Дошев.
Сите споменати добиваа шанса на натпреварите против екипите на Локомотива, Скопје и Охрид.