Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Давидоски на позајмица во Локомотива, Ѓорѓиевски во Тетекс
Давидоски на позајмица во Локомотива,  Ѓорѓиевски во Тетекс

Давидоски на позајмица во Локомотива, Ѓорѓиевски во Тетекс

Петар Давидоски е член на Вардаровата генерација, родени “2003“ година кој има и настап за сениорскиот тим на Вардар, а во новата сезона ќе игра во тимот на ФК Локомотива како позајмен играч од редовите на Вардар. Давидоски се враќа по тешката повреда, па ќе му требаат натпревари за да влезе во препознатливиот ритам.

Уште еден играч од средината на теренот има нов клуб. Се работи за Филип Ѓорѓиевски кој е роден “2003” година. Ѓорѓиевски минатата сезона добиваше шанса да игра во првиот тим, а во новата сезона ќе ги брани боите на ФК Тетекс.

Да надополниме дека во Вардар тренираат и Матеј Николов и Јорго Папули, кои би можеле да бидат нови играчи на тимот.