Денес се одигра 16 коло во рамките на првата Македонска фудбалска лига. На арената “Филип Втори“ екипата на Вардар ја пречека Ренова и на крајот сосема заслужено ги освои трите бодови. Вардарци доминираа во текот на целиот дуел, покрај двата постигнати голови имаа уште неколку стопроцентни шанси. Отпорот на противникот го скршивме во второто полувреме, откако со головите на Артак Дашјан и Петар Петковски го решивме победникот. Во вториот дел тренерот Седлоски се реши да му даде шанса за игра на младиот Петковски, кој целосна ја оправда довербата со постигнатиот погодок во 79 минута.
Добро е тоа што се вративме, од може да ја наречам мала резулаттска криза. Среќен сум што со мојот гол ставивме крај на натпреварот и рутинирано го завршивме мечот. Овој триумф има големо значење за нас, бидејќи ја подигна атмосферата и самодовербата во целата екипа.
Веќе во среда на истиов стадион не очекува реванш дуелот во рамките на 1/4 од купот на Македонија, против екипата на Шкендија. По првиот натпревар одигран во Чаир екипата од Тетово ќе започне со предност од 3:0.
Спортски е да се надеваме дека во среда ќе можеме да направиме нешто повеќе и да се пласираме во полуфиналето на националниот куп. Ако одиграме според договореното, исто како денес, со голема борба, пожртвуваност и гинење за секоја топка на теренот, Шкендија може да биде во големи проблеми, изјави Петар Петковски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски