Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Петар Петковски за Вардар Фанс: Среќен сум, што токму со Вардар го освоив мојот прв супер куп
Петар Петковски за Вардар Фанс: Среќен сум, што токму со Вардар го освоив мојот прв супер куп

Петар Петковски за Вардар Фанс: Среќен сум, што токму со Вардар го освоив мојот прв супер куп

Вардар е освојувач на третиот супер куп на Македонија, вкупно втор за нашиот шампион. Избраниците на Седлоски беа подобри од екипата на Работнички, дури по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1. Нашиот шампион поведе во 10-та минута со голот на Филип Ивановски, резултат со кој се замина на полувреме. Веднаш на стартот на вториот дел, противникот го израмни резултатот преку Баже Илиоски. Младиот Петковски доби шанса во првиот тим од Седлоски, искористувајќи ја на вистински начин, кој асистираше на погодокот на Ивановски.

Многу сум среќен што токму со Вардар го освојувам мојот прв супер куп, а уште порадосен што асистирав при постигнување на нашиот прв погодок. Добро го започнавме натпреварот со наши напади, што резултираше со гол уште во 10 минута и отварање на резултатот. Подоцна само го чувавме водството, се до почетокот на второто полувреме, кога по наша грешка противникот постигна гол.

По изведувањето на пенали, резултатот беше вкупно 5:4 за Вардар. За нашиот шампион погодија Хамбарџумјан, Стојков, Глигоров и Фелипе. Само Ивановски не успеаа да го совлада Шишковски. На спротивната страна Работнички промаши два пати, односно Гачевски успешно интервенираше.

Сепак при изведувањето на пенали, среќата беше на наша страна и мислам дека заслужено го подигнавме првиот пехар за оваа година, изјави младиот Петковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски

   Фото: Кочо Сотировски