Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Виктор Петкоски: Одигравме квалитетно, затоа и го добивме натпреварот
Виктор Петкоски: Одигравме квалитетно, затоа и го добивме натпреварот

Виктор Петкоски: Одигравме квалитетно, затоа и го добивме натпреварот

Помладите пионери продолжуваат да бележат одлични игри и резултати во својата прва сезона во домашните натпреварувања. После големата победа против Шкендија во лигата, оваа генерација успешно стартуваше и во купот на Македонија. Во 1/8 беа многу подобри од екипата на Академија Пандев и сосема заслужено се најдоа во следната рунда. Мечот се играше во Струмица и заврши со конечни 1:3. Давид Астарџиев постигна два голови, еден беше дело на Виктор Петкоски, кој ги сподели за нашиот сајт своите впечатоци од куп натреварот против А.Пандев.

Моите впечатоци се деκа одигρавме многу κвалитетно и затоа и го добивме натпρеваρот.Многу сум задоволен од својата игρа и од игρата на целиот тим во текот на целиот дуел. Сега се враќаме на обврските во првенството и се спремаме за следниот противник. Наша цел ќе биде да ја освоиме титулата и во пρвенството и во κупот,а јас сум сигуρен деκа тоа и ќе го напρавиме, изјави Виктор Петкоски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски