Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Давидовски, Ѓорѓоски, Андрески и Мирков дебитираат во дресот на Македонија до 15 години, за контролните дуели со Полска, повик и за Хасани
Давидовски, Ѓорѓоски, Андрески и Мирков дебитираат во дресот на Македонија до 15 години, за контролните дуели со Полска, повик и за Хасани

Давидовски, Ѓорѓоски, Андрески и Мирков дебитираат во дресот на Македонија до 15 години, за контролните дуели со Полска, повик и за Хасани

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години денес ќе одигра контролен натпревар, против соодветната селекција на Полска. Првиот од двата контролни дуели е закажан за денес, со почеток од 13:00 часот на тренинг центарот “Петар Милошевски“. За овие дуели, селекторот на Македонија, Звонко Златановски повика пет играчи од фудбалскиот клуб Вардар.

Дебитанти во националниот дрес ќе бидат дури четири играчи. Се работи за капитенот на вардаровата генерација “2003“, Петар Давидовски, кој игра на средината на теренот, потоа најдобриот стрелец во есенскиот дел кај оваа генерација предводена од Чунга Лунга, а тоа е Лео Андрески кој игра по крилните позиции. Тука е и стоперот, Филип Ѓорѓоски без кој не може да се замисли одбраната на Вардар од генер. “2003“ и беше стартер на сите мечеви за својот тим во есенскиот дел, како и опасниот офанзивен играч, Антонио Мирков, кој во есенскиот дел настапуваше паралелно за генерациите на Вардар, родени “2003“ и “2002“ година. Тука е и Абдула Хасани, за кој ова е втор повик во оваа селекција, откако претходно дебитираше на контролните натпревари против Кипар, кога исто така беше повикан од селекторот, Златановски.

Одличен избор на селекторот на Македонија, што се однесува до повиканите играчи од редовите на Вардар, со оглед дека споменатите имаат важна улога во добрите резултати на црвено-црните во првиот дел од сезоната. Се очекува на некои од следните контролни дуели, повторно во составот да го видиме и еден од најталентираните голмани во оваа генерација, се работи за Лука Стојковски од Вардар, кој веќе го облече националниот дрес.