Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Иако заморот е присутен кај играчите, ние денес одиме на победа
Гонзалез: Иако заморот е присутен кај играчите, ние денес одиме на победа

Гонзалез: Иако заморот е присутен кај играчите, ние денес одиме на победа

Вардар е веќе во Панчево, каде денес ги очекува натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Динамо Панчево. До крајот на регуларниот дел остануваат да се доиграат уште три натпревари, од кои едниот е вечерва на програмата со почеток од 17:15 часот. Вардар има веќе обезбедено прво место и сигурен пласман на завршниот турнир, кој оваа сезона треба да биде во Скопје и тоа во арената Јане Сандански. Иако имавме тешки натпревари во Лигата на Шампионите, тренерот на Вардарци, Раул Гонзалес истакна дека неговиот тим денес сака да победи, без оглед на заморот кој е присутен кај играчите.

-Пред нас е групната фаза во Лигата на Шампионите и сега е време да се свртиме кон предизвиците во СЕХА-лигата. И покрај фактот што веќе го обезбедивме првото место во регуларниот дел од сезоната, ние и понатаму сакаме да продолжиме со добрите игри. Знаеме дека Динамо има добар тим и дека можат да одиграт добро, пред се тука во Панчево. Ние ги почитуваме како тим, тие сигурно ќе бидат многу мотивирани, но ние денес одиме на победа, иако заморот е евидентен кај играчите после тешкиот распоред кој го имавме во изминатиов период.

Вардар на денешниот дуел ќе атакува на 15 победа, додека противникот има само две во СЕХА-лигата и се наоѓа на претпоследното место. Овој меч е празник во Панчево, со оглед дека гостува Европскиот и Балкански шампион. Пренос од мечот можете да проследите на МРТ-1.