Вчера пионерите на ФК Вардар го одиграа натпреварот од заостанатото 18 коло, против екипата на Работнички. Овој дуел му припадна на нашиот состав кој славеше со резултат 4:2. Фитор Реџепи постигна два гола, додека еднаш во листата на стрелци се запиша Али Адем и Мартин Филипоски.