Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Андреј Ѓероски: “Јуниор“ лигата има голем придонес во нашиот играчки развој

Андреј Ѓероски: “Јуниор“ лигата има голем придонес во нашиот играчки развој

Во сама завршница е втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига. Повеќе од 23 ракометни школи низ цела Македонија се борат за првото место, во различни возрасни генерации. Пред седум дена се одигра завршниот турнир на најдобрите четири машки екипи, во генерацијата родени 2000/01 година. Таму првото место му припадна на тимот на РК Филип, кој во финалето беше подобар од Гостивар. Еден од најдобрите играчи кај РК Филип, на овој завршен турнир беше Андреј Ѓероски, кој за нашиот сајт даде мислење за Јуниор лигата и освоеното прво место во оваа генерација.

-Моето мислење за “Јуниор“ лигата е одлично, мислам дека ова натпреварување има голем придонес во нашиот развој, за еден ден да стигнеме и до првиот тим на РК Вардар. Сметам дека тоа е сон на секој од нас.

Претходно во полуфиналето, ибраниците на Александар Таневски беа подобри од РК Урдаревски, кој беше победник во првата сезона на ова натпреврување.

-За полуфиналето можам само да кажам дека го покажавме нашето најдобро и го постигнавме тоа што го сакавме. Финалето започна фуриозно имавме неколку добри одбрани и нападот го реализиравме и мислам дека сме најдобри во оваа генерација а доказ е пехарот.Од мојот придонес сум задоволен нормално секогаш може подобро.

Александар Танески е предводник на екипата од Прилеп, со која бележи добри резултати. Желба на Андреј е да игра еден ден за првиот тим на Вардар.

-Тренерот е супер секогаш не мотивира и мислам дека треба да продолжиме напорно со работа. Во иднина се гледам како еден играч во првиот состав на Вардар.

Звонко Ивановски