Пионерите на ФК Вардар во рамки на 7.коло од Супер лигата денес беа домаќини на ФК Македонија Ѓорче Петров. На дуелот кој се одигра на „Тренинг кампот во Хиподром “ избраниците на Саше Божиноски беа минимално поразени со резултат 2:3.
ФК Вардар натпреварот го започна со следниот состав: Илиевски Леонид, Фидановски Зоран, Серафимов Давор, Јакимовски Лука, Спасиќ Тино, Цветков Горјан (К), Кузмановски Михаил, Кулуковски Влатко, Бундалески Максим, Алији Алтин и Митревски Матеј.
Двата тима започнаа претпазливо на почетокот на првиот дел, до 10.минута немаше поголема шанса за одбележување на двете страни. Први се заканија вардарци, удар упати Фидановски Зоран голманот на Македонија Ѓорче Петров исфрли во поле, на топката налета Бундалески Максим кој не успеа да го отвори резултатот. Во 13.минута ривалот успеа да отвори и поведе со 0-1. Ние се обидувавме да ја вратиме резултатската симетрија, но за жал не успеавме. Противникот во 32.минута поведе со комотни 0-2 на оваа пионерска средба, резултат кој се покажа како конечен за првите 45.минути на овој натпревар.
На почетокот на вториот дел вардарци тргнаа со сите сили да се вратат на резултатски план на оваа средба. Сепак обидите не вродуваа со полод, вистински потег на Божиноски беше тоа што во 69.минута во игра го уфрли Туша Агрон. Веќе во следната минута толкму Туша ја преполови предноста на Македонија Ѓорче Петров и стрелаше за 1-2. По само пет минути фудбал повторно топката дојде до Туша, тој ја анулираше целосно предноста на гостите. Погоди за резултатска симетрија (2-2), на 15.минути до крајот на регуларниот дел на оваа средба во „Хиподром “. Сепак гостите не беа задоволни од фактот дека ја изгубија предноста и тргнаа да ја вратат. УспеаА во тоа, тие со погодок во 83.минута поведоа со резултат 2-3, истиот им донесе три бода од оваа средба.
Во игра на денешниот меч од клупата кај Вардар влегоа: Туша Агрон, Трајчевски Александар и Ристовски Стефан.