Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар ја наполнија мрежата на Македонија ЃП, сигурни победи за нашите млади надежи
Кадетите и младинците на ФК Вардар ја наполнија мрежата на Македонија ЃП, сигурни победи за нашите млади надежи

Кадетите и младинците на ФК Вардар ја наполнија мрежата на Македонија ЃП, сигурни победи за нашите млади надежи

Кадетите и младинците на ФК Вардар забележаа убедливи победи, на натпреварите од вонредното 7.коло. Нашите млади надежи денес гостуваа кај екипата на Македонија Ѓ.П, натпревари на кои остваривме две победи.

Кадетите на Вардар стигнаа до својата втора победа сезонава, многу важна за подигнување на самодовербата кај оваа екипа до крајот на есенскиот дел. По само седум минути игра, избраниците на Петар Ѓоргиевски веќе имаа и предност од два гола. Најпрво во 6.минута, Левент Ибраим го отвори резултатот за 0:1, за веќе во следната минута со голот на Филип Јовановски да поведеме и со 0:2. Во 24 минута противникот успеа да намали на 1:2, но вардарци до крајот на првиот дел ја враќаат позитивата од два гола, во 36 минута со вториот гол на Ибраим поведуваме со 1:3. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

Во второто полувреме видовме два гола, по еден во двете мрежи. По само две минути игра во вториот дел, домашната екипа намали на 2:3, но во 83 минута „печат“ на победата и денес одличната игра стави Теодор Перковски, кој ги постави конечните 2:4 на овој натпревар од 7.коло во кадетската Супер лига.

Вардар: Андреј Данстак, Сандро Каровски, Никола Анчевски, Симеон Здравковски, Кристијан Таневски, Левент Ибраим, Стефан Стојановски (К), Никола Величковски, Теодор Перковски, Димитар Стоимов и Филип Јовановски.

Играа и Александар Савиќ и Лука Ивановски.  

До триумф стигнаа и младинците, но остварен со многу повисока разлика. Иако се очекуваше противникот да даде посилен отпор, сепак на крајот Вардар победи во неверојатни 1:8, што е премногу за натпревар од младинската Супер лига. За само две минути, избраниците на Бабунски се стекнаа до предност од два гола. Најпрво во 7.минута, Антонио Мирков беше играчот кој погоди за 0:1, додека во 9.минута после одбиена топка погоди и Марио Ричков за водство од 0:2. Самиот резултат говори за доминацијата на вардарци на овој натпревар, кои до истекот на првите 45 минути постигнаа уште два гола во мрежата на Ѓорче. Се играше 18.минута кога во листата на стрелци се запиша Дарко Трпезановски за 0:3, додека во 34 минута, Лео Андрески донесе предност од 0:4.

Без разлика што имавме висока позитива, нашите надежи не застанаа во вториот дел, напротив со офанзивна игра создаваа шанси за голови. Македонија Ѓ.П прва во вториот дел успеа да погоди, но тоа беше се што сторија на овој натпревар, во 56 минута тие намалија на 1:4. Марио Ричков со својот втор гол денес, кој го постигна со глава зголеми на 1:5 во 63 минута. Нов играч се запиша во листата на стрелци, и тоа нововлезениот Славче Живков, со чиј погодок поведовме со 1:6 во 70 минута. Дојде ред и за капитенот, Филип Ѓоргоски кој зголеми на 1:7, за конечните 1:8 да ги постави Мартин Илиевски.

Вардар: Гоце Јовчев, Марио Ричков, Филип Ѓоргоски (К), Антонио Мирков, Лео Андрески, Марко Стојилевски, Петре Тасевски, Ѓорѓи Дошев, Дарко Трпезановски, Абдула Хасани и Дамјан Марковски.

Играа уште и Христијан Гроздановски, Славче Живков, Алек Саит, Филип Трајковски и Мартин Илиевски.

Младинците одлично играат сезонава, стигнувајќи до својата шестта победа, со која ќе остане на првото место на табелата.