Помладите пионери на ФК Вардар денес беа домаќини на ФК Македонија Ѓорче Петров, на натпревар од вонредното 7.коло. На дуелот кој се одигра на „Тренинг кампот во Хиподром “ нашите момци беа доминанти и со резултат 5-0 (3-0) дојдоа до победа на овој дуел.
Божиноски започна со следните 11: Краљевски Максим, Брзаковски Ангел, Миовски Александар, Порчу Димитар (K), Лефковски Давор, Сековски Дарко, Николовски Марко, Коловски Стефан, Нурединовски Алтин, Величковски Андреј и Ајетовиќ Нуман.
Двата тима се заканија на почетокот кон противничките голови, нашата одбрана и голманот Краљевски беа на ниво. Тоа во напад го награди, Коловски Стефан во 21.минута кога донесе водство за црвено-црните помлади пионери. Тргнавме да ја удвоиме предноста на оваа средба, истото го успеавме во 35.минута. Топката дојде до Величковски Андреј, кој со прецизен удар донесе наша предност од 2-0. Вардар одлично ги реализираше шансите кои ги создаваше, па погодивме и по третти пат во првиот период. За 3-0 стрелаше Нурединовски Алтин во 41.минута, резултат кој се покажа како конечен за првиот период од натпреварот.
Тренерот, Саше Божиноски во вториот дел во игра ги уфрли: Цековски Давид, Хасиќ Мирза, Цониќ Максим, Танчев Михаил, Крстевски Дамјан и Анастасов Матеј. Сепак и во овие 45.минути на овој дуел за помлади пионери, вардарци го задржаа ритамот и доминираа. Веќе во 57.минута имавме високи 4-0 во однос на Македонија Ѓорче Петров за нас стрелаше Лефковски Давор. До крајот на натпреварот видовме две прилики на Ајетовиќ Нуман, во првата шанса не успеа да погоди. Веќе во следната Ајетовиќ, мина неколку чувари, се одлучи за шут и погоди во горниот дел од голот за 5-0, резултат кој се покажа како конечен на оваа средба за нови три бода на вардаровите момци.
Ова е вкупно шестта победа за помладите пионери на ФК Вардар, кои имаат и еден нерешен резултат и без пораз. Со новите бодови, момците на Божиноски се одлепија на врвот на табелата пред останатите конкуренти.